
Научниците ги анализираа најголемите хитови од 1950 до 2022 година: Популарните песни стануваат поедноставни
Комплексноста на мелодиите на најпопуларните песни во САД значително се намали од 1950 година, според студијата објавена во „Scientific Reports“.
Препорачано
Медлин Хамилтон и Маркус Пирс од Лабораторијата за музичко спознание на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, ги анализираа песните кои беа во првите пет топ листи на Билборд за крајот на годината од 1950 до 2022 година. Тие откриле дека комплексноста на ритамот и аранжманот значително се намалиле во овој период, но дека бројот на отсвирени ноти во секунда скокнал. Тие, исто така, забележале дека два значајни пада на сложеноста на мелодијата се случиле во 1975 и 2000 година, а помал пад во 1996 година, известува „Phys.org“.
Song melodies have become simpler since 1950, study suggests https://t.co/N2xutT4PdO via @physorg_com
— Eduard (@edxxi) July 5, 2024
– Мелодиската револуција од 1975 година е веројатно манифестација на појавата и подемот на новиот бран, диско музиката и стадионскиот рок. Според нашата анализа, подемот на хип-хопот се случи околу 1996 и 2000 година. Револуциите во нашата анализа не мора да се совпаѓаат или да се во конфликт со револуциите во хармонија и звучна боја – се наведува во студијата.
Во минатиот век, историјата на популарната музика била анализирана од многу различни перспективи, социолошки, музиколошки и филозофски и со сосема различни наративи.
– Нашата студија ја испитува еволуцијата на апстрактната димензија на популарната музика, особено мелодијата, користејќи нови податоци за мелодиите од 1950 до 2023 година. За да се идентификуваат мелодиските револуции, беше применета детекција на промени во висината и ритмичката структура на мелодиите. Две големи револуции се случија во 1975 и 2000 година, а помала во 1996 година, кога комплексноста драстично опадна. Револуциите го делат овој период на три епохи, кои се поделени со авторегресија, линеарна регресија и векторска авторегресија – се наведува во студијата.