Научете да се справувате со кавгите во емотивната врска

Не можеме да ги избегнеме конфликтите. Во реалноста емотивните врски не се романтични филмови. Научете на здрав начин да ги согледате и да ги поднесувате кавгите во врската.

За да го спасите вашиот емотивен однос од чести несогласувања и конфликти, најпрво треба да го согледате коренот на конфликтот, односно да размислите дали несогласувањата можат да се решат. Конфликтот некогаш може да биде многу добар пат кон еволуција на меѓучовечките односи, додека од друга страна може да стане деструктивен за емотивната врска.

Кавги во врската и зошто доаѓа до нив

Заблуда е дека кавгите во врската се секогаш негативна работа. Фактот дека конфликтот често може да резултира со позитивен исход дава поинаква перспектива во разгледување на работите. Доколку знаеме да управуваме со нашите емоции, кавгата со партнерот не мора да нè прави поразени и осуетени, туку можеме да го продлабочиме и подобриме односот со партнерот.
Во зависност како реагирате на расправиите во врската, можете да претпоставите дали кавгата е пожелна или не. Повеќето луѓе во конфликтот реагираат мошне агресивно. Бранејќи се себеси и личните ставови, лицето во конфликт може да каже работи кои не ги мисли, а кои притоа многу би го повредиле партнерот. Доколку имате искуство со такви турбулентни кавги, тогаш сте запознаени колку тие можат да бидат погубни за емотивниот однос.

Меѓутоа, ако ја рационализираме идејата за кавгата и сфатиме дека таа може да ги прошири нашите видици и дека може да нè наведе поинаку да се однесуваме еден кон друг, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека конфликтот како таков е посакуван.

Да не постојат кавги во врската никогаш не би увиделе дека нашето однесување е погрешно.

кавгиБидејќи расправиите во врските или во бракот често доведуваат до деструктивни и токсични односи, а ретко доаѓа до решавање на конфликтите, треба да се обидеме да увидиме какво однесување кај партнерот доведува до појава на таквите конфликти, секојдневни кавги во врската кои придонесуваат за создавање на голем стрес и незадоволство во врските и во браковите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот