Намален водостојот на реките во однос на просекот за април

Гостивар Вардар
Фото: МИА

Во последните два дена, водостојот на Вардар е намален во однос на просекот за април кај сите мерни станици: Јегуновце, Лепенец, Железнички мост во Скопје, Велес и Демир Капија, покажа мерењето на УХМР.

Намалување на водостојот на 10 и 11 април во однос на просекот, е забележано и кај другите реки: Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Црна Река, Црн Дрим, Сатеска и мало намалување има и кај Радика. Само реките Бабуна и Струмица последните два дена имале исто ниво на водостојот со просекот за април.

Мерните станици на УХМР забележале дека нивото на Дојранското и Охридското езеро е во рамките на просекот на април. Само кај Преспанското Езеро е 2 сантиметри под апсолутно појавениот минимум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот