Најскапото судење во историјата на Белгија: 35 милиони евра за процесот за терористичките напади во Брисел

Брисел, Белгија
Брисел, Белгија / Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Судењето за терористичките напади во бриселското метро и на националниот аеродром, што се случи во 2016 година, ќе чини 35,3 милиони евра, покажуваат документите на белгиското Министерство за правда.

Тоа ќе биде најскапото судење во историјата на Белгија, при што ќе бидат сослушани повеќе од 350 сведоци.

Белгија одлучи судењето да се одржи во старите простории на НАТО. Потребно беше целосно да се реновира и адаптира зградата, која го доби името Јустиција, а се наоѓа на излезот од Брисел.

Во изборот на таа локација улога имаше и обезбедувањето на судењето. Значителен дел од сумата наменета за судењето е наменета за комуникации, плати за преведувачи, хонорари на поротници, додека во цената од 35,3 милиони евра не се вклучени трошоците за агентите за обезбедување.

Се очекува судењето да биде едно од најдолгите во белгиската историја и би можело да трае девет месеци. Во терористичките напади во Брисел на 22 март 2016 година, загинаа 32 лица, а 340 беа тешко ранети на аеродромот Завентем и на метро станицата Малбек, на неколку стотини метри од населбата каде што се лоцирани европските институции.

Одговорноста за нападот тогаш ја презеде Исламска држава, истиот џихадистички огранок одговорен за нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, чии речиси сите членови беа од бриселската област Моленбек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот