Најпознатата српска инфлуенсерка ограбена во Милано: Нуди награда од 5.000 евра за да се пронајде крадецот

Тамара Калиниќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ доживеала непријатно искуство на пат кон Милано.

Имено, таа им открила на своите 1,7 милиони следбеници на својот инстаграм-профил дека некој ѝ го украл куферот додека патувала во воз.

Тамара објаснила дека непознат маж влегол во возот, го украл нејзиниот куфер и побегнал.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Внатре немаше накит, часовници, ‘Хермес’ чанти или нешто слично, само работи за кои сакам и ми е грижа. Само некои лични работи, шминка и три камери што ги користам за да снимам видеа и фотографии. Куферот ги има моите иницијали, така што не е премногу вреден да се препродаде. Ако некој го види во Милано, нудам награда од 5.000 евра ако го предадете тој што го украл“, напиша таа на една од нејзините приказни на Инстаграм.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, домот на Тамара во Париз беше ограбен пред три години. Крадците влегле во станот преку прозорецот кој гледа кон внатрешниот двор,  додека Тамара не била во станот. Тогаш ѝ биле украдени работи во вредност од околу 300.000 евра. Крадците ѝ одзеле скапи часовници, дизајнерски чанти и други луксузни предмети. Речиси две години подоцна, виновниците конечно беа фатени.

ФОТО+ВИДЕО | Сите погледи кон Тамара Калиниќ: Најпознатата српска инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот