Несреќа во кинески рудник, затрупани се десетици рудари

Фото: anews

Најмалку двајца рудари ги загубија животите, а десетици се затрупани при уривање во рудник за јаглен во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, пренесува агенцијата Анадолија.

Според веста што ја објави Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“, не се знае судбината на повеќе од 50 рудари кои работеле во урнатиот дел од рудникот.

Екипите за пребарување и спасување досега пронајдоа мртви тела на двајца рудари, додека еден рудар жив е извлечен од рудникот.

Властите се загрижени дека е можно бројот на загинати да се зголеми.

Кинескиот претседател нареди спасувачка операција, а премиерот Ли Кечијанг побара брза истрага за причините за несреќата.

Автономниот регион Внатрешна Монголија кој се протега на огромна површина, познат е како еден од најбогатите региони во Кина од аспект на минералните ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот