Најмалку 330 загинати досега во протестите во Иран, меѓу нив и 50 деца

Фото ЕПА

Најмалку 330 луѓе загинаа во протестите во Иран во изминатите два месеца, соопшти Новинската агенција за заштита на човекови права со седиште во САД.

Меѓу загинатите има 50 малолетници и 39 припадници на безбедносните сили, тврди организацијата за човекови права. Уапсени се речиси 15 илјади луѓе.

Протестите започнаа во средината на септември и зафатија повеќе од 130 градови во Иран. Острата реакција на безбедносните сили предизвика сериозно незадоволство кај населението на Исламската Република.

Причина за почетокот на протестите беше смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување. Смртта на младата жена покрена сомнеж дека таа била жртва на полициска бруталност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот