Најголемата болница во Газа продолжи со работа во некои одделенија

Болница во Газа / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека најголемата болница во Појасот Газа, тешко погодена од војната меѓу Израел и Хамас, успеала да ја врати работата во некои одделенија.

Како што изјави синоќа генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата X, тимот на организацијата, заедно со своите партнери, успеал да стигне до болницата Ал-Шифа на северот на Газа и да испорача 9.300 литри гориво и медицински материјали, со цел лекување на околу 1.000 ранети луѓе и пациенти на дијализа.

Тимот на агенцијата на ОН увиде дека болницата повторно може да лекува пациенти благодарение на медицинскиот тим од 60 лица.

Ал-Шифа повторно има 40 кревети во одделот за хирургија и општа медицина, одделение за итни случаи и четири операциски сали, прецизираше шефот на СЗО, чија организација кон средината на декември соопшти дека се пружа помош на стотици повредени и дека најтешките случаи се евакуираат во друга болница, покрај опасноста.

Исто така, беше констатирано дека болницата Ал-Шифа повторно има гинеколошко-акушерско-радиолошки оддел, ограничен капацитет за хемодијализа и минимални капацитети за анализа.

„Повторно инсистираме дека здравството мора да биде заштитено и никогаш да не биде напаѓано, ниту милитаризирано“, нагласи генералниот директор на СЗО.

Болницата Ал-Шифа се најде во центарот на интензивно бомбардирање, а потоа и копнени борби во првите недели од војната меѓу Израел и исламската организација Хамас.

Израелската војска веруваше дека Ал-Шифа е главниот команден центар за операциите на Хамас во Појасот Газа, од каде потекнува екстремистичката организација.

Здравствениот систем во Газа е на работ на колапс, според СЗО. „Хуманитарната состојба на таа мала територија е неопислива и испораката на помош се соочува со речиси непремостливи пречки“, предупреди неделава шефот на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот