
Најефикасни совети за чистење на домот: Оцет за тоалетот, a лимон за бигорот
Секој од нас сака да има чист и среден дом, кој мириса убаво и изгледа уредно. А, средувањето, односно чистењето на секој агол од домот, пребришувањето, отстранувањето на прашина, дамки итн., бара време, енергија, но и пари за разни средства за чистење. Меѓутоа, наместо да купувате скапи средства за чистење со хемикалии кои се штетни по здравјто, еве неколку брзи и лесни трикови со состојки која секоја домаќинка ги има во домот.
Препорачано
Оцет за бањата и тоалетот
– Наполнете шише со прскалка до половина со вода и половина бел оцет, испрскајте ги површините и оставете пет минути да стои, потоа избришете.
– Измешајте сода-бикарбона со оцет, сипете во лавабото, измијте со топла вода за да се отпуши одводот.
– Исто така, сокот од лимон можете да го употребувате за чистење на бигор. Нанесете го, оставете го 15 минути и потоа избришете.
Чистење на тоалетната школка
– Ставете една чаша сода-бикарбона и една чаша бел оцет во тоалетната шолја, оставете да остои 10 минути, потоа исчистете со четка и пуштете вода.
– Избришете јa школката со масло од чајно дрво и ќе добиете антибактериска заштита.
– Сипете една или две капсули од 1.000 милиграма витамин Ц во тоалетната школка пред да си легнете навечер. Наутро употребете ја четката за чистење и пуштете вода.
Чистење на огледалото
– Нанесете еукалиптусово масло на крпче или парче весник и избришете.
– Измешајте оцет и вода, ставете ги во прскалка, испрскајте го огледалото и избришете.
Чистење на површините во кујната
– Сипете сода-бикарбона на крпа за да го исчитите лавабото, прозорците и фрижидерот.
Детерегент за миење садови
– Употребете чист сапун за да ги измиете садовите и додадете бел оцет во водата со која што ќе ги измиете, за да им дадете дополнителна сјајност на садовите.
Чистење на рерната
– Растворете три лажици сода-бикарбона во еден литар топла вода. Нанесете на рерната, оставете 20 минути и исчистете. За тврдокорни дамки, рибајте со жица и сода-бикарбона.
Чистење на прозорците
– Додадете половина литар бел оцет на еден литар топла вода и избришете ги прозорците со помош на крпа натопена во течноста. Потоа поминете со парче весник за да се исушат и да се исполираат.
Полирање на мебелот
– Употребете маслиново масло за нелакиран мебел. Испрскајте и избришете со сува и чиста крпа.
– За лакирано дрво, измешајте две лажици маслиново масло со една лажица бел оцет и еден литар вода. Испрскајте и избришете со сува и чиста крпа.
За добар мирис во вашиот дом
– Ставете зовриен цимет или каранфилче во загреана вода. Или пак, ставете во сад малку екстракт од ванила.