Фото: Flickr

Наједноставниот рецепт за сок од варени домати без конзерванси: Одличен како додаток во јадењата

Нема ништо подобро од тоа кога ќе додадете чаша домашен сок од домати додека готвите.

За да го подготвите наједноставниот, а најубав сок од домати, не ви треба многу време ниту некои посебни совет

Она на што треба да внимавате е квалитетот на доматите, мора да бидат добро узреани, а најдобро е да најдете некои што не се прскани и одгледувани со помош на разни нездрави адитиви.

Ако сакате цела зима да уживате во совршениот сок од домати, направете го овој сок.

Состојки:

– 6 кг домати

– 2 лажици сол

– 4 лажици шеќер

– кромид (по избор)

Подготовка:

Доматите измијте ги, излупете ги, исечете ги на парчиња и измелете ги со машина за мелење. Процедете, сипете во тенџере, додајте сол и шеќер и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10-15 минути.

Шишињата загрејте ги во рерна 10 минути на 100 степени. Врелиот сос од домати сипете го во топли шишиња. На секое шише ставете парче целофан натопен во ракија или друг вид алкохол, стегнете со ластик и ставете го капачето. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот