Најдобрите македонски ракометарки означија старт на подготовките за двомечот против Шпанија

фото: РФМ

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација означи старт на подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство 2024.

Првиот натпревар меѓу овие две селекции ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 29 февруари со почеток од 18.00 часот.

Од ракометната федерација на Македонија (РФМ) најавија дека влезот е слободен за јавноста.

Вториот натпревар меѓу Шпанија и Македонија ќе се игра во Ланзароте на 3 март од 17.00 часот.

Нашите најдобри ракометарки во првите два квалификациски натпревари запишаа две победи, против Азербејџан на домашен терен и против Литванија на гости, и моментно заедно со Шпанија го делат првото место во групата.

Грчевски повика 20 ракометарки за двомечот против Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот