Душан Влаховиќ ќе ги има медицинските прегледи, па ќе следува официјален потпис со клубот од Торино/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Најдобриот стрелец во Серија А, Влаховиќ одби трансфер тежок 100 милиони евра

Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ, кој сезонава игра во одлична форма во дресот на Фиорентина, одби во зимскиот преоден рок да направи трансфер вреден 100 милиони евра.

„Раи Спорт“ објави дека најдобриот стрелец во Серија А сезонава, нема намера да се пресели во Њукасл кој подготви 100 милиони евра за евентуален трансфер во јануари.

Влаховиќ сака да остане во Фиорентина до крајот на сезоната, а потоа ќе се обиде да издејствува трансфер во Јувентус.

Влаховиќ има голема желба да го носи дресот на „старата дама“, а и тимот од Торино го има на „радар“ одличниот напаѓач, додека италијанските медиуми шпекулираат дека се договорени и личните услови.

Фиорентина изминатото лето ги одби сите понуди кои пристигнаа на нејзина адреса за Влаховиќ, дури и тие на Атлетико Мадрид, Тотенхем и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот