Фото: Профимедиа

Најдобриот старински рецепт за „пеглани“ црвени пиперки: Без конзерванси

Сакале или не да си признаеме, есента се наближува, но барем со тоа доаѓа и една добра вест – подготвувањето на зимницата.
Пазарите веќе се преплавени со црвени пиперки, па веќе можете да почнете со подготвувањето на зимница во која ќе уживате во текот на зимата. Иако денес најчесто купуваме ајвар, кисели краставички, туршија, домашните производи, сепак, се најдобри. Затоа, ви предлагаме рецепт за „пеглани“ пиперки кои со молскавична брзина ќе исчезнат од трпезата, поради неодоливиот вкус.

Состојки:

– 5 кг црвени пиперки
– 100 г шеќер
– 500 мл масло
– 2 главици лук
– 500 мл оцет
– 200 г сол
– врзоп магдонос
– 1 лажиче бибер во зрно

Подготовка:

Добро измијте ги пиперките и исчистете ги од семки. Потоа, исечкајте ги на малку подебели ленти.

Потоа, наредете еден ред пиперки, па посипете со сол и шеќер, а потоа сѐ прелејте со оцет и масло. Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите состојки.

Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ.

Кога ќе омекнат, редете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде што помеѓу нив ќе додавате магдонос, лук и бибер во зрно.
На крај, сите пиперки прелејте ги со смесата што ви останала од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот