Најдено решение за проблемот со дневниот престој во битолското училиште „Елпида Караманди“

Фото: Слободен печат / Васка М. Младеновска

Барањето на педесетина родители на деца кои учат во битолското училиште „Елпида Караманди“ и кои по часовите привремено беа згрижувани во градинката „Мајски цвет“, е прифатено и ќе биде решено.

Ова е договорено по средбата на градоначалникот Тони Коњановски со директорката на ОУ „Елпида Караманди“, Татјана Дамчевска.

На средбата со директорката, градоначалникот Коњановски на барање на родителите го отворил прашањето поврзано со долгогодишната потреба за дневен престој во оваа образовна институција, како трајно решавање на проблемот за кој изминатата година беше спроведено времено решение и овозможување престој за сите ученици од одделенска настава во детската градинка „Мајски цвет“.

Општината Битола даде поддршка на иницијативата на родителите, со цел од септември, овој долгогодишен проблем, повторно да не им создава грижа и неизвесност.

-Ова е важно прашање, со чие решавање, ќе им се овозможи на родителите непречено спроведување на работните обврски, додека децата се соодветно згрижени во училиштето. За таа цел побарав од директорката да ги спроведе потребните законски процедури, а во училиштето, соодветно да биде адаптиран просторот во кој учениците до трето одделение ќе можат да престојуваат и да ги извршуваат своите задачи, пред или после завршувањето на наставата – информира градоначалникот Тони Коњановски.

Директорката на училиштето Дамчевска се согласи да ги отпочне потребните постапки, за да може идната учебна година, учениците да посетуваат дневен престој во училиштето.

Десетици деца привремено беа згрижени во градинката „Мајски цвет“, но поради тоа што нема доволно кадар, градинката им го откажа „гостопримството“ на децата и ги извести родителите дека во текот на летото и наредната учебна година, тие веќе не можат да сметаат на сместување на децата во градинката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот