Најавен нов протес пред Влада

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи повторно протест во главниот град со почеток во 17.30 часот пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поголема поддршка од народот за да се запре Зоран Заев да продолжи да ја продава Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава- вели Мицкоски во пораката со која повикува на денешниот протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот