Стручно жири на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Нела Оташевиќ, Лилија Абаџиева и Иван Меденица

Награди што го потврдуваат квалитетот на театарските продукции се доделени на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Девет претстави во официјалната и пет во независната програма беа селектирани за 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што се одржа од 6 до 13 јуни во Прилеп.

Фестивалот се одржа под мотото „Смеј се и осмели се“. Во фантастична фестивалска атмосфера во Прилеп беше претставено најдоброто од македонската театарска продукција.

Во составот на меѓународното стручно жири што одлучуваше за наградите беа Лилија Абаџиева (претседател) − театарска режисерка и педагог, Нела Оташевиќ − продуцент во Црногорско народно позориште и Иван Меденица − театролог и универзитетски професор.

Стручното жири на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ донесе одлука да ги додели следните награди: 1. Награда за рекламен материјал со мнозинство на гласови додели на Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје; 2. Награда за кореографија и сценски движења со мнозинство на гласови додели на Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ – Велес; 3. Награда за музика „Филип Стевановски“ едногласно додели на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ – Велес; 4. Награда за костимографија едногласно додели на Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје; 5. Награда за сценографија едногласно додели на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ – Велес; 6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација едногласно додели на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен Театар – Битола; 7. Награда за современ драмски текст со мнозинство на гласови додели на Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје; 8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови додели на Атанас Атанасовски за улогата на „Оскар Медисон“ во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија Скопје; 9. Награда за млада актерка едногласно додели на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски Театар – Скопје; 10. Награда за женска епизодна улога со мнозинство на гласови додели на Маја Љутков за улогата на „Гвендолин Пиџн“ во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија – Скопје; 11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови додели на Оливер Митковски за улогата на „10“ во претставата „12“ во изведба на НУ МНТ – Скопје; 12. Награда за главна женска улога едногласно додели на Марија Минчева Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип; 13. Награда за главна машка улога едногласно додели на Мартин Мирчевски за улогата на „Доне Совичанов“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен театар Битола; 14. Награда за режија со мнозинство гласови додели на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје; 15. Награда за уметничко остварување на претставата во целина со мнозинство гласови додели на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“; и Специјална награда за колективна актерска игра едногласно додели на ансамблот на НУ МНТ – Скопје за претставата „12“.

За првпат од кога е повторно востановена наградата од публика претставата „Слепци“ на Турски театар – Скопје освои највисока оценка (5,00) од публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот