Над 50 мигранти се удавија во близина на брегот на Либија

Средоземно море/ Фото ЕПА/ATEF SAFADI

Десетици мигранти загинаа откако потона гумен чамец во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Според ИОМ, се удавиле најмалку 55 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Преживеале пет лица – четворица мажи (тројца Пакистанци и еден Египќанец) и едно дете од Сирија.

Бродската несреќа се случила завчера. Мигрантите испловиле од либискиот град Гарабули, источно од главниот град Триполи.

Најмалку 537 мигранти загинале или се водат како исчезнати по бродоломи кај Либија од почетокот на оваа година, покажуваат бројките на ИОМ. Според податоците од оваа организација на ОН, првиот квартал од 2023 година бил најсмртоносниот во централниот Медитеран од 2017 година, со 441 регистрирани смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот