На протест Вучиќ обвинет за предавство

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Неколку десетици граѓани денеска протестираа во северниот дел на Косовска Митровица и го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство”, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење”, јави БЕТА.

Учесниците на протестот го прашаа Вуќиќ „зошто молчи” за присуството на единиците на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово и формирањето на војската на Косово, доколку, како што наведоа, тоа е спротивно на Уставот на Србија и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Ако е незаконски, зошто молчиш Вучиќ, праша Небојша Јовиќ од Движењето за одбрана на Косово и Метохија, еден од организаторите на денешниот протест.

Тој побара од Вучиќ да ги „замрзне” понатамошните преговори со Приштина додека единиците на РОСУ не се повлечат од северно Косово.

„Бараме сите уапсени Срби да бидат ослободени и албанскиот суд и полиција да немаат никакви овластувања да ги судат и апсат Србите на Косово и Метохија бидејќи тоа е спротивно на Уставот и Резолуцијата 1244. Бараме враќање на судот на УНМИК и на УНМИК полиција, посочи Јовиќ.

Тој побара и формирање на „координативно тело” на Србите од Косово и Метохија, бидејќи, како што рече, Српската листа „не може” да ги претставува.

Јовиќ, исто така, побара „итно враќање” на српските институции на Косово и го покани патријархот на Српската православна црква, Порфириј да дојде во „својата куќа, во Пеќката патријаршија и да ја сподели својата судбина со својот народ”.

Учесниците на протестот носеа транспарент со натпис „Вучиќ, Космет не те сака, ти не предаде – не ги сакама ниту твоите ЗСО, ти не продаде”, а митингот помина без инциденти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот