На локалитетот Пеленица во Драчево има над 40.000 тони контаминирана почва со линдан

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Истражувања покажуваат дека на месноста Пеленица, Драчево, се фрлени одредени количини на опасен отпад од линдан и како резултат на тоа на локацијата има околу 40 000 тони контаминирана почва, изјави директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски на денешната прес-конференција.

Во 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а пред две години по јавна набавка на Mинистерството за животна средина локацијата е оградена.

За чистење на депонијата кај Пеленица, Стојковски вели дека потребни се 60 милиони евра, а исто толку и за големата депонија кај ОХИС.

„Ако за малата депонија во ОХИС треба околу 14 милиони евра, тогаш сметајте дека на големата депонија кај ОХИС има 10 пати повеќе отпад, значи сигурно ќе треба некаде околу 60 милиони евра за големата депонија, а исто толку и за Пеленица,“ истакна тој.

Стојковски додава дека министерствата се одговорни за тоа дали ќе имаме регионални центри за управување со отпад, бидејќи, како што рече, финансиски грантови од ЕУ имало, но за 30 години земјава нема изградено ниту една санитарна депонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот