На 46 години: Почина креативниот директор на „Москино“ – Давид Рене

Давид Рене / Фото: Profimedia

Италијанскиот моден дизајнер Давид Рене почина во петокот, 10 ноември, на 46-годишна возраст. Тој стана креативен директор на модниот бренд „Москино“ пред десетина дена.

Тажната вест ја потврди Масимо Ферети, извршниот директор на „Aeffe“, компанијата која го поседува брендот „Москино”.

„Нема зборови кои можат да ја опишат болката која ја доживуваме во ова драматично време. Давид стана дел од нас пред само неколку дена. Ненадејната болест ни го зеде прерано. Ние сѐ уште не можеме да поверуваме што се случи.

Заедно со него, ние работевме на еден амбициозен проект, со голем ентузијазам и оптимизам за иднината. Иако беше многу кратко со нас, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели”, изјави Ферети.

Рене на водечката позиција во „Москино” дојде со импресивно портфолио, по две децении поминати во „Гучи“ каде последните години беше главен дизајнер на женската линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот