На 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе им се укине притворот во Атина и ќе бидат ослободени

По доставените барања за пуштање од притвор 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, навивачите ќе бидат пуштен на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените.

Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица.

За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот