МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога против Охрид

фото: kfsm.mk

Предноста на домашниот терен во рамките од 17 коло во Првата македонска кошаркарска лига ја искористи шампионот МЗТ Скопје Аеродром, кој можеби потешко од очекуваното го совлада Охрид.

Иако од почетокот аеродромци постојано беа во водство, во првиот дел не успеаја да направат двоцифрена предност.

На одмор МЗТ Скопје замина со „само“ 42:35, а дури на крајот на третиот период „сино-белите“ стигнаа до +10 (59:49). Таквата предност домаќините не ја испуштија и на крајот славеа победа.

Во редовите на МЗТ Скопје, најефикасен беше Делалиќ со 24 поени, следуваат Танасковиќ (15 поени, девет скокови) и Бојан Крстевски (14 поени и девет скокови).

Од составот на Охрид се истакнаа Бруер со 22 поени (10 скокови), Андерсон со 16 поени и Лајонс со 11.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17 КОЛО

Пелистер – Феникс 2010 71:67
Гостивар – ТФТ Моцарт 77:91
Кожув – Чаир 2030 70:84
Навико Академија ФМП – Вардар 80:74
МЗТ Скопје Аеродром – Охрид 81:68

11 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31 бод, Пелистер 29, Чаир 29, Работнички 27 (-1), Еуро Никел 28 (-1), ТФТ 28, Феникс 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот