МЖСПП започнува нов проект за зачувување на биолошката разновидност и развој на одржлив туризам

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата на Обединети нации за животна средина започнуваат со  реализација на нов проект „Зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам во Северна Македонија”.

Како што информираат од Министерството, проектот ќе се надоврзе и ќе ги зајакне постојните тематски иницијативи во рамките на националните области за деградација на земјиштето и биолошката разновидност.

На денешниот настан по повод проектот, министерката Каја Шукова во воведното обраќање потенцирала дека иако ќе се работи на поддршка на националните и локалните засегнати страни во Шар Планина, како избрано пилот подрачје, во втората компонента на проектот, ќе се обезбеди поддршка за усвојување и спороведување на стекнатите искуства и најдобрите практики во интегрираното управување со пејсажи низ целата територија на Република Северна Македонија.

Ќе се развијат и применат пристапи за интегрирано управување со пејзажите и ќе се демонстрираат придобивките од постигнување синергии помеѓу биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето, одржливо управување со шумите, обезбедување рурален развој, зачувување на земјиштето како база на ресурси, преку обезбедување нето загуба на здрава и продуктивна земја, како споделување на научените лекциите клучни за зголемување на ваквите пристапи на национално ниво – вели Шукова.

Проектот ќе трае 4,5 години и е финансиран од Глобалниот еколошки фонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот