Фото: Министерство за здравство

МЗ: Министерството за здравство нема исплатено ниту денар за модуларните амбуланти

Министерството за здравство ги демантира и ги отфрла како невистина наводите дека од негова страна биле исплатени пари за модуларните објекти на Здравствен дом Скопје. Ова е апсолутна невистина, потенцираат од МЗ.

„Министерството за здравство и министерот д-р Фатмир Меџити го поддржуваат истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење бидејќи тоа е одлика на секое слободно и демократско општество какво што е и нашето. Во целост соработувавме и ќе соработуваме со сите институции во врска со судските постапки поврзани со пожарот во Тетово. Во овој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на МЗ има исплатено пари за модуларните објекти на ЗД Скопје. Ова е апсолутна невистина“, истакнуваат од МЗ.

Оттаму, посочуваат дека министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложил за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година биле заглавени од страна на претходното раководство на министерството.

„Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите. Во врска со таа постапка, а за да се избегнат судски постапки, за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните, МЗ изготви информација до Владата од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10, со што би се избегнало плаќање на затезни камати и отштета“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Од МЗ нагласуваат дека оваа постапка сè уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти.

– МЗ работи согласно законот и пред сè ги штити граѓаните и нивните права, потенцираат од министерството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот