МВР со детали за драмата на Титов Врв: Во спасувачката акција се повредени двајца полицајци, починатиот планинар извлечен со хеликоптер

Фото: ЦУК

Вчера  во 17 часот и 30 минути преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне, соопшти МВР.

Според полицијата набргу по пријавувањето е организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место.

-По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. Второто лице денеска претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот, соопшти МВР.

Драма на Титов Врв: планинар паднал од карпа во бездна, спасувачи брзаат да го извлечат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот