Орхан Муртезани / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Муртезани домаќин на делегации од Австрија и Словенија

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска ќе биде домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата.

Австриската делегација е предводена од сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, додека словенечката делегација ја предводи државната секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич.

По средбата со делегациите, ќе се одржи заедничка прес-конференција на која се очекува да бидат презентирани темите од разговорите поврзани со европската интеграција, регионалната соработка и поддршката за реформските процеси на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот