Мурињо ја опиша ситуацијата во која се наоѓа во Рома и измисли нов термин

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Според пишувањето на италијанските медиуми, Жозе Мурињо избегнал отказ минатиот викенд со победата против Каљари на Сардинија, но и понатаму неговата иднина не е сигурна.

Мурињо веројатно не е во најдобар однос со луѓето од управата на Рома, а тоа може да се заклучи и од неговите изјави во последниот период. Сега повторно измислувајќи нов термин ја опиша ситуација во која се наоѓа.

„Во Рим постои „антимурињизам“. Луѓето кои не го сакаат Мурињо се радуваат кога Рома нема да победи и кога немаме успех во Европа. Тие се забавуваат и тоа е во ред. За мене без оглед на се важен е само следниот натпревар. Победите и добрите резултати се единствено нешто што се смета“, изјави Мурињо.

Мурињо со Рома пред две сезони ја освои Конференциската лига, а минатата играше во финале во Лига Европа во кое беше поразен од Севиља на пенали. Сезонава од него се бара да обезбеди место во Лигата на шампионите, но знак прашалник е дали ќе го дочека крајот на сезоната на клупата на Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот