Тимчо Муцунски / Фото: Фејсбук

Муцунски: Јазикот, идентитетот и културно-историскиот континуитет не можат да бидат предмет на преговори

Иднината во Европа мора да се гради врз заемно признавање и доверба, а не врз бришење на историјата или наметнати наративи – порачал тој

Посветени сме на интеграцијата, но подеднакво и на одбраната на нашето достоинство и правото да бидеме тоа што сме — без услови, без извинување, без бришење, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на обраќањето на меѓународната конференција Budapest Global Dialogue 2025, што се одржува во Будимпешта, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања и Фондацијата за следење на истражувањата.

Во обраќањето, Муцунски истакнал дека нашиот јазик, идентитет и културно-историскиот континуитет не можат да бидат предмет на преговори.

-Македонскиот народ ја има платено цената на трпение и компромиси, и додадов дека постојат линии што нема да ги преминеме — затоа што тие не прават тоа што сме. Ова не е став на инает, туку на самопочит. Иднината во Европа мора да се гради врз заемно признавање и доверба, а не врз бришење на историјата или наметнати наративи – порачал тој.

На конференцијата ја нагласил важноста од водење проактивна и кохезивна европска политика, особено во услови на зголемена глобална нестабилност и променлив геополитички контекст.

-Посилна и подобро координирана Европа, заедно со одржување на ефективна трансатлантска врска, се клучни предуслови за справување со надворешните предизвици и за зачувување на безбедноста и просперитетот на континентот. Европската интеграција на регионот не треба да се гледа исклучиво низ призмата на (гео)политички избор, туку како заедничка стратешка потреба и заедничка одговорност – заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот