Москва засекогаш ќе го памети 4-ти октомври: Денот кога Елцин нареди напад над Думата

Нападот на руската Дума на 4-ти октомври 1993-та година/ Фото Профимедиа

Годинава, ќе бидат одбележани 28 години откако поранешниот руски претседател Борис Николаевич Елцин издаде наредба за напад врз Думата, што ги блокираше пратениците и граѓаните кои се противеа на самоволието на рускиот претседател да го распушти парламентот и да го преобликува по своја желба.

Кризата во парламентот траела од 20-ти септември до 4-ти октомври, точно од 9 часот кога тенковите Т80УД на дивизијата Таман отворија оган врз горните катови на Думата. Нападот со тенковите, како и последователниот напад на падобранците, специјалците и единиците на ОМОН, биле следени во живо од камерите на Си -Ен -Ен.

Нападот завршил во 17 часот по московско време со апсење на двајца актери во овој неуспешен пуч, херојот на Советскиот Сојуз и ветеранот од војната во Авганистан, авијациските генерали Александар Рукој и Руслан Хазбулатов, заменикот од Чеченија, каде што крвавата граѓанска војна ќе започне една година подоцна.

Нападот на руската Дума/ Фото Профимедиа

Еден ден пред тој кобен 4-ти октомври 1993 година, војската на ОМОН и единиците на внатрешната армија одеднаш се повлекле околу Думата, каде што во тоа време бранителите на парламентот се причестувале од свештенството кое било со нив во една мала црква што била отворена во зградата на рускиот парламент. За само 15-20 минути, сите полициски единици исчезнале од парламентарната зона.

Уште на 3 октомври, воените единици, главно воздушни трупи, биле концентрирани кон Москва, но тие не влегле во градот, туку биле распоредени во близина на кружниот тек. Тука веќе постоеле сомнежи меѓу генералите. Тогашниот министер за одбрана, генерал Павел Грачов, бил со армиските единици и во раните утрински часови на 4 октомври, кога тој добил писмена наредба да преземе акција. Антитерористичката единица „Алфа“ добила наредба за апсење на лидерите на востанието, пред се Хазбулатов и Руцкој.
Интересно било тоа што на 3 октомври американската телевизиска компанија добила дозвола да ја распореди својата опрема околу Думата на местото каде нив им одговарале. Следното утро, Си-Ен-Ен го започнале преносот во живо, и на целиот свет му било прикажано како се освоил и уништил рускиот парламент.

Утрото на 4-ти октомври, оклопните транспортери БТР-80 започнале да пукаат од топовите со калибар 30 мм на долните катови на Думата. Повратниот оган не се слушнал, влезната врата била блокирана и неколку десетици пратеници успеале да излезат од страничната врата и да се засолнат во една од соседните згради. Наводно, овие луѓе, како што подоцна биле обвинети за повлекување, добиле 2 милиони рубли. Меѓутоа, околу 200 народни заменици и персонал останале во зградата, сите од нив биле собрани во салата на Советот за националности, која немала пристап до улица. Тоа утро, во 9 часот, започнало пукањето од страна на тенковите, кои пукале во горните катови.

Руската Дума по нападот на тенковите/ Фото Профимедиа

На руските напаѓачи им било соопштено дека опколените во зградата се подготвени да се предадат. Собранието почнало да гори, а никој не одговорил на сигналите за предавање и плачот на ранетите од улиците. Веќе немало можност за излегување од Думата, бидејќи пожарот се проширил. Одеднаш, полицијата и единиците на ОМОН, кои исчезнале на 3-ти октомври, враќајќи се пред парламентот, ги однеле оние кои некако успеале да излезат од домот. Како што напиша Рој Медевед, кој напиша книга за владеењето на Борис Елцин, тие луѓе негде биле однесени. Подоцна, се појави гласина дека тие луѓе биле застрелани, но никој не го проверил тоа.

Хеликоптери кружеле над Думата, палејќи ја зградата. Одеднаш, десетици луѓе масовно почнале да бегаат од Думата, кои потоа биле фатени од специјалната полиција. Колку повеќе луѓе истрчале, толку било пукањето засилено.

Бранителите на Думата се предале/ Фото Профимедиа

Во 11 часот, првите специјалци влегле во зградата на парламентот, а огнот од долните бил префрлен на горните катови. Пожарот го зафатил седмиот и осмиот кат. Првите ранети биле пренесени во градските болници. Потоа, под обезбедување на специјалната единица Алфа, од Думата излегле првите пратеници, кои биле ослободени, а околу 12.30 часот, првите бранители на Думата со кренати раце. Тогаш пукањето престанало, а Руцкој и Хазбулатов и нивните соработници ја напуштиле Думата. Тие биле во вооружена придружба до затворот Лефортово. Околу четири часот попладне на 4 октомври, сите престрелки престанале. Попладнето околу 17 часот по московско време, околу 400 луѓе го напуштиле парламентот, придружувани од единицата Алфа.

Точно на пладне, работата на Првиот канал на ТВ Останкино била обновена. Говорниците говореле за вината на Хазбулатов и Руцкој. Точно во 18 часот по локално време, Министерството за внатрешни работи официјално објавило дека борбите во зградата на Врховниот совет се завршени и дека противпожарните екипи почнуваат да го гасат пожарот и да ги отстрануваат барикадите. Елцин и неговите соработници ја прославиле победата.

Руската војска/ Фото Профимедиа

Заклучок

Настаните од 3 и 4 октомври 1993 година, оставија многу загатки и поставија многу проблеми. Денес, имињата на сите бранители на Думата се познати, а многумина од нив загинаа со херојска смрт. Меѓутоа, никој меѓу политичарите и пратениците не стана херој, дури и опозицискиот печат ги нападна за непромисленост и грубост.

Повеќето се обвинети и за кукавичко однесување. Хазбулатов бил очаен и исплашен на 4 октомври, иако претходно зборувал за кампањата против Кремљ на 3 октомври.

Однесувањето на херојот на Советскиот Сојуз и ветеранот во војната во Авганистан, Александар Руцкој, сепак се променил. Од една страна, тој ги молел напаѓачите да престанат да пукаат со тенковите, а од друга, ги охрабрил бранителите да започнат напад врз напаѓачите. Исто така, било забележано дека тој ја предал својот пушка на специјалените агенти.

Овој настан засекогаш ќе остане запамтен во историјата на Русија како една црна дамка во нивното богато минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот