МОН: Речиси 60 проценти од студентите ги подигнале платежните картички за субвенциониран студентски оброк

Индекси, студенти, бруцоши
Студент со индекс / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Наменските платежни картички наменети за субвенциониран студентски оброк досега ги подигнале околу 60 отсто од студентите кои ги исполниле условите. Министерството за образование и наука ги потсетува останатите студенти кои се уште не ги земале платежните картички да го направат тоа поскоро.

За да ја подигнат картичката, студентите треба да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на следниот линк. Преку СМС порка студентите ќе добијат информација за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк.

Средствата во износ од 140 денари дневно ќе можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот