МОН и СОНК се договорија: Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 проценти

Фото: Јаким Неделков, Фејсбук

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 проценти. Договорот во МОН го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на Фејсбук синдикалниот лидер.

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополчнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.

СОНК континуирано преговараше со Министерството за покачување на септемвриската плата.

-Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, изјави неодамна Неделков за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот