стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Момче загина по пад од оџак од напуштен објект

Дваесет и петгодишен жител на Крива Паланка почина како последица од пад од оџакот од напуштен објект, соопштија денеска од МВР.

-На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка. Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош, наведуваат од МВР.

Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот