Момче копало компири, па нашло древна египетска статуа: Археолозите конечно открија како завршила во Шкотска

Фото: National museums scotland

Пред повеќе од седумдесет години, момче кое било принудено да копа компири во училишен двор во Шкотска, како казна за недолично однесување на часовите, пронашло древна египетска статуа во земјата, а научниците дури сега откриле како таа завршила толку далеку од Каиро, пишува „Лајф саенс“.

Помеѓу 1952 и 1984 година, неколку антички статуи биле пронајдени во дворот на „Куќата на Мелвил“, јавна зграда во округот Фајф, која служела како касарна за време на Втората светска војна, а подоцна станала интернат.

Учениците и нивните наставници им го предале секое од откритијата на музејските експерти кои утврдиле дека се работи за египетски артефакти, но никој од нив не знаел како завршиле таму.

Се вели дека фигурите му припаѓале на поранешниот сопственик на „Куќата на Мелвил“, Александар Лесли Мелвил, познат и како Лорд Балгони, кој отпатувал во Египет во 1856 година и починал една година подоцна во Велика Британија.

Балгони вратил бројни сувенири од своите патувања во време кога многумина во Египет нелегално продавале антички артефакти на странци.

По неговата смрт, членовите на семејството ги префрлиле фигурите во помошна зграда во дворот и заборавиле на нив, а таа била урната неколку години подоцна.

Неколку децении подоцна, биле пронајдени 18 антички предмети, а Елизабет Горинг, поранешен кустос на Кралските музеи на Шкотска во Единбург (сега Национален музеј на Шкотска), вели дека ископувањето и истражувањето на овие артефакти било најнеобичниот проект во нејзината кариера.

„Тоа е фасцинантна колекција, уште повеќе поради мистеријата околу нејзиното потекло“, вели Маргарет Мејтланд, главен куратор на колекцијата Антички Медитеран во Националниот музеј на Шкотска, каде што се чуваат предметите.

Мејтланд вели дека откривањето на овие египетски артефакти закопани во Шкотска повеќе од 100 години даваат доказ за нивото на трговија со антиквитети во 19 век.

Инаку, ова се единствените антички египетски предмети откриени во Шкотска. На платформата Икс, веќе се појавија луѓе кои наведуваат дека сите древни египетски артефакти пренесени во Европа под мистериозни околности всушност биле украдени или киднапирани и дека е неопходно да се вратат во Египет.

Фотографиите од останатите египетски артефакти може да ги погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот