Момче гаѓало соселанец со воздушна пушка во тетовско

Фото: архива

26-годишен жител на тетовското село Чифлик пријавил во полиција дека негов соселанец го повредил гаѓајќи го со воздушна пушка.

„На 26.02.2023 околу 17.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот И.А. од тетовски Чифлик, поради сомнение дека непосредно пред тоа со воздушна пушка го повредил В.А.(26) од истото село. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот