Молдавија се откажа од купувањето гас од Русија

Молдавија знаме/ Фото SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Молдавија повеќе нема да купува гас од руската компанија Газпром, изјави молдавскиот министер за енергетика Виктор Парликов за време на видео-обраќање на Евроатлантскиот форум за одржливост во Букурешт.

Тој соопшти дека Кишињев купувал гас од европскиот пазар, под услови кои се поповолни од оние што Кишињев ги има во договорот со Газпром, информира Радио Молдавија.

– Повеќе нема да купуваме природен гас од Газпром за територијата што ја контролираат уставните власти, бидејќи во Република Молдавија сè уште имаме дел од територијата што не ја контролираме – сепаратистички регион, рече Парликов.

Според него, благодарение на евроатлантските партнери, Молдавија успешно го зајакнува енергетскиот сектор.

„Комерсант“ пишува дека молдавските власти му понудиле на Газпром да склучи договор за порамнување, според кој руската компанија и нејзините структури ќе и ги отпишат долговите на молдавската енергетска компанија Молдовагас.

За возврат се очекува Кишињев да гарантира дека нема да поднесе тужба против Газпром поради намалувањето на испораките и оти на руската компанија ќе и плати отштета од 145 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот