
Моќни цитати од Момо Капор: „Ѕвездите паѓаат дури и преку ден, но многумина не можат да го видат тоа“
Стилот на пишување на Момо Капор зрачел со леснотија, тој пишувал едноставни, јасни конструкции на реченици со силна порака. Тој бил еден од најпознатите српски боеми – писатели, сликари и новинари.
Препорачано
Овој талентиран писател толку лесно, а сепак толку моќно пишувал за животот, за љубовта, за жените, за боемскиот град. Како почит на неговата креативност, се потсетуваме на некои цитати кои секогаш нè тераат да седнеме и да размислиме за животот …
Неговите цитати се вечни и моќни, а ние ви пренесуваме дел од нив:
„На многумина би им се допаднал доколку не се трудеше да им се допаднеш на сите“
„Човек може да каже дека неговиот живот не е промашен ако може да направи барем една работа подобро од другите“
„Можеби среќата се состои во тоа да престанеме навремено со трката за среќата? Да стигнеме до животот пред лекарите да ни забранат пушење, алкохол, храна, пливање, сончање и љубов?“
„Ѕвездите паѓаат и во текот на денот, само многумина не можат да го видат тоа“
„Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат на кого да се јават“
„Нештата не вредат колку нивната цена, туку колку љубовта што ја вложуваме во нив“
„Се бара една добра седмица, без вести за несреќи и војни! Се бараат пријатели, макар и истрошени, сите тие исчезнаа, се отселија, изгубени се, оженети … се бараат сите оние кои не уништија дел по дел, дел по дел: делови од нашето време, нашата љубов, се бараат да ја вратат љубовта назад“
„Правилата на модерните добри манири забрануваат, какви било изливи на нежност, кои обично се толкуваат како откривање на слабостите на потенцијалниот противник“
„Човек може да најде колку сака пријатели со кои ќе разговара, но малкумина со кои ќе може да молчи“.
„Наше е само она што им го даваме на другите“