Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Мојсов: Покажавме дека сме тим кој може да смета на секој играч!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжија одличната серија во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, Европската лига и вечерва ја впишаа четвртата победа во низа.

Во Битола падна данскиот вицешампион ГОГ Гудме со 32:31, во натпревар со многу пресврти, борбена игра и блесок на играчите предводени од тренерот Жељко Бабиќ.

На прес конференцијата после мечот импресиите ги споделија ракометарот на Еурофарм Пелистер Јосип Периќ и помошникот тренер Божидар Мојсов.

– Ние очекувавме ваков натпревар, знаевме дека противниците играат брзо, одлично и дека имаат четворица репрезентативци светски шампиони. Ова за нас е една голема победа, затоа што и покрај сите проблеми што ги имаме, ние ги надминуваме. Имавме многу проблеми со повреди и со ситуацијата каква што е, но денеска покажавме дека ние сме тим кој може да смета на секој играч. Ова беше одлична игра, многу сме среќни заради победата и пред сè затоа што пред сè добивме една комплетна екипа – се зборовите на Мојсов.

Босанскиот плејмејкер Периќ кој беше втор стрелец со седум погодоци исто така е среќен поради триумфот:

– Честитки до противникот на навистина одличниот натпревар. Знаевме како играат и многу силно се подготвувавмеза оваа средба. Ова е голема, голема победа за нашата екипа со оглед на тоа што ни недостасуваат многу важни играчи. Мислам дека ова беше нашиот најдобар натпревар во Европската лига. Многу сум среќен и горд на својата екипа – рече Периќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот