Фото: Инстаграм/Милан Калиниќ/Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | „Моја љубов“: Милан Калиниќ покажа кој му ги разубавува деновите откако се разведе по 20 години брак

Српскиот актер Милан Калиниќ изминатиот период беше доста актуелен во медиумите поради разводот со сопругата Сандра, со која беше во брак 20 години. И додека во јавноста се шпекулираше која е причината за нивната разделба, поранешните сопружници не се огласија на таа тема, но во една прилика Милан потврди дека не се работи неверство.

Иако поретко се огласуваат на социјалните мрежи, додека да „слегне прашината“, на изненадување на следбениците, Милан сподели емотивен момент  на Инстаграм со својата ќерка Теа, за која многумина велат дека е копија на нејзината мајка.

Фото: Принскрин/Инстаграм/МиланКалиниќ

„Мојата блесава љубов порасна“, напиша тој во објавата.

Актерот покажа како сака да го поминува времето со својата ќерка, која изгледа неверојатно слично на поранешната сопруга на Калиниќ.

Потсетуваме дека, Милан и Сандра одлучија да стават крај на нивниот брак на почетокот на оваа година. Јавноста веќе се сомневаше дека нешто не е во ред со оглед на тоа што тие повеќе не се појавуваа заедно на јавни настани.

Поранешните сопружници го прекинаа бракот, но за доброто на децата одлучија да останат во добри односи иако секој од нив тргна по својот пат.

Калиниќ го напуштил својот дом во Вождовац и периодов престојува во изнајмен стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот