Славјанка Петровска - Пратеник во Собрание на РМ. - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МОЕ ЛЕТО | Славјанка Петровска: Се вооруживме со секири, лопата и метли поради македонски крими-роман

Фамилијарните одмори и патувања за неа имаат посебно значење. Како најинтересни ги издвојува моментите поминати во автомобил кога патувале до некое ново место. Премногу била љупопитна како дете и поставувала многу прашања, па затоа и често и купувале енциклопедии, а за време на патувањата родителите „ја испрашувале“, открива за „Мое лето“, пратеничката и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Во нашата емисија таа издвојува една интересна случка од минатото кога била средношколка.

– Во средно се дружев многу се една другарка и еден другар. Кога бевме прва или втора година посакавме да славиме Нова година сами надвор од Скопје. Другарот имаше викендичка во Маврово. Моите на почетокот беа скептични и се колебаа дали да ме пуштат, на крајот татко ми пушти срце и сите не однесе до Маврово. Ни објасни како се пали оган и други практични работи за тоа како да се снаоѓаме сами. Сè се одвиваше добро до третиот ден, кога снема струја. Ние баш тогаш раскажувавме за некој крими-роман што беше актуелен тогаш, мислам од македонски автор. Откако со часови не доаѓаше струјата, изгасна и огнот, почна да капат стреите почна да ни се присторува дека доаѓа некој. Се исплашивме и одлучивме да се вооружиме со секирата од дрвата, метли, лопати сè што најдовме за да се одбраниме. Утрото кога стигнаа моите се чудеа што се случило, а кога им раскажавме беше смеење – вели таа.

Петровска во емисијата се присетува за убавите денови поминати со нејзиниот покоен брат, кој бил постар од неа, но во одреден дел од животот таа ја имала заштитничката улога. Се сеќавате ли на попопуларната кучка Стела, која се качи на бината за време на еден говор на Петровска додека беше министерка? Ни раскажува за ова кучка која е „роден политичар“, а сега ја чува дома.

Гледајте ја новата епизода на „Мое лето“ вечерва со почеток во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот