Модна икона и моќна социјална и политичка фигура: Која е Моза бин Насер, сопруга на катарскиот шеик?

Фото: ЕПА / Принтскрин - Инстаграм

Моза е заштитен знак на Катар и една од највлијателните жени на Блискиот Исток и светот, а со своите стајлинзи редовно е вклучена на листата на најдобро облечени жени.

Изминативе неколку денови цел свет зборува за Светското првенство во фудбал, на чие отворање присуствуваше Моза бин Насер, сопруга на шеикот Хамад бин Халифа ал Тани, поранешниот емир на Катар и мајка на актуелниот емир Тамим бин Хамад ал Тани.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Моза е една од трите сопруги на шеикот Хамад бин Халифа ал Тани и мајка на седум негови деца. И покрај тоа што нејзиниот сопруг се откажа од престолот во интерес на својот син, Моза останува заштитен знак на Катар и една од највлијателните жени на Блискиот Исток и светот.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Кралица на стилот

Шеесет и тригодишната „кралица на стилот“, како што ја нарекуваат, на отворањето на Светското првенство привлече внимание во еднобојна комбинација на „Прада“, долг фустан од бургунд-црвен сатен и наметка во иста боја, и традиционална марама карактеристична за жените во арапскиот свет. Изгледот го дополни со блескав брош и ефектен накит. Сето ова го комплетира со салонки во бургунд-црвена боја и брендирана кожена чанта.

Фото: EPA/WALTER BIERI 

Моза бин Насер е позната по својот префинет стил, а странските медиуми нејзината модна комбинација ја опишаа како елегантна и моќна.
Нејзиниот моден стил е впечатлив и беспрекорен и обожава да носи скапи модни парчиња од најпознатите светски модни куќи како „Шанел“, „Живанши“, „Диор“ и „Валентино“.

Фото: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Отмена и моќна

Шеика Моза е исто толку активно вклучена и влијателна на политичката сцена колку што се нејзиниот сопруг и син. Во една пригода изјавила дека не ѝ недостига статусот прва дама на Катар бидејќи повеќе ужива во работата како социјална активистка. И навистина, активизмот на Моза ги импресионира сите што ја запознаваат нејзината приказна, а странските дипломати се воодушевуваат од нејзината моќ и интелигенција.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Моза бин Насер е родена во 1959 година и е ќерка на претприемач од кого ја наследила љубовта кон образованието. Според неа, образованието треба да се цени и секој треба да има слободен пристап до него.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Своето образование го започнала во Египет. И покрај тоа што сакала да биде лекар, се одлучила за социологијата. Дипломирала на Катедрата за социологија на Универзитетот во Катар. По завршувањето на студиите одлучила дека учењето не смее да запре во ниеден стадиум од животот.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Оттогаш и започнува нејзината работа на планот на модернизацијата на образовниот систем во Катар. Во 1995 година, Моза и нејзиниот сопруг ја основале Фондацијата на Катар за образование, наука и општествен развој, која е активна сѐ до денес. Фондацијата на Моза е заслужна за отворањето на американски универзитети на територијата на Катар преку т. н. програма „Град на образованието“.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Примила многубројни меѓународни награди и добила низа меѓународни почести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот