Модерната ера води кон постепено потиснување на кешот: Европската централна банка ќе воведува дигитално евро

Фото: EPA/MARKKU OJALA

Европската централна банка (ЕЦБ) сериозно размислува за воведување на дигитално евро. Во документот со наслов „Извештај за дигитално евро“, чиј вовед е потпишан од претседателката на ЕЦБ, Кристина Лагард и членот на Извршниот одбор (ИО), Фабио Панета јасно е нагласено забрзување на работата за издавање на дигитална европска валута.

Во период во кој кешот и натаму е доминантен начин за плаќање во Европската Унија (ЕУ), во ЕЦБ се свесни дека новите технологии.

– За да осигураме дека граѓаните ќе имаат непречен пристап до пари во централната банка на начин кој е потребен во дигиталното време, Управниот одбор на ЕЦБ реши да се побрза со активности за можно издавање на дигитално евро, електронски облик на пари што треба да биде достапен за граѓаните и за компаниите. Дигиталното евро би се вовело без готовина и не би ја заменило“, е порака од воведот во „Извештај за дигитално евро“.

Според толкувања на Извештајот, дигиталното евро би создало синергија со приватните решенија во дигиталните плаќања и би создало поиновативен, покомпетитивен и поотпорен европски систем на плаќање. ЕЦБ сè уште нема дизајн за дигиталното решение, ниту цврста визија, но разгледува повеќе сценарија според кои воведување на дигитална валута би можело да се покаже како неопходно.

Еден од нив е драстичен пад на користењето на кеш, потоа намалување на вкупните трошоци и еколошмки влијанија на ситемите за плаќање и монетарните операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот