
Моден дипломатски триумф: Брижит Макрон во фустан за кој светот не престанува да зборува
Англискиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила приредија гала вечера во чест на истакнатите гости од Франција, претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Препорачано
Брижит Макрон, првата дама на Франција, е позната по својот елегантен и софистициран моден стил, а многумина со право ја сметаат за една од најдобро облечените први дами во светот.
За време на нејзината државна посета на Обединетото Кралство, нејзините модни избори, сосема очекувано, привлекоа огромно внимание од јавноста и медиумите.
Бриџит Макрон, која дури и во своите 70-ти години привлекува внимание со својот елегантен стил, уште еднаш покажа дека модата може да биде моќна алатка во дипломатијата, а нејзиниот кралски син фустан остана запаметен како еден од најубавите моменти за време на нејзината официјална посета на Лондон.
За средбата со кралот и кралицата, Французинката избра фустан во впечатлива нијанса – кралски сина. Оваа боја не беше случајна бидејќи сината традиционално се поврзува со францускиот идентитет и симболизира елеганција, достоинство и дипломатска воздржаност. Фустанот е кроен во класичен, женствен стил, дизајниран како наметка, што му даде посебен, аристократски шмек.

Симболика
Заедно со кралицата Камила, која носеше бел фустан, и принцезата Кејт која носеше црвен, Брижит Макрон придонесе со својот избор на боја за визуелна хармонија што го симболизираше пријателството и блиските врски меѓу Франција и Обединетото Кралство. Сина, бела и црвена се боите на знамињата на двете земји, па затоа овој моден момент беше и еден вид дипломатска порака.
Модните експерти и медиумите го пофалија изборот на облека на Брижит, истакнувајќи ја нејзината способност да ја комбинира француската елеганција со почитување на британската традиција. Нејзиниот стил беше оценет како соодветен, модерен и класичен во исто време, што дополнително го зајакна нејзиниот статус на модна икона.