
Многу вкусно, а толку едноставно: Рецепт за пилешко во сос од печурки и вино
Она што го прави ова пилешко во сос од павлака и вино неодоливо не е само совршената комбинација на вкусови, туку и начинот на кој сè се готви во една тава. Помалку садови, повеќе време за уживање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Печурките, билките и виното се спојуваат во вкусен сос, а пржените парчиња пршута се неочекувано изненадување во целата комбинација.
Послужете го ова пилешко со пире од компири или тиква, ориз или едноставно, само со леб. Ова јадење е одлично за фин ручек со кој ќе ги импресионирате гостите, но е толку едноставно и брзо, што можете да го подготвите и само за себе и вашето семејство, па дури и во средина на работната недела.
Состојки:
– 450 г пилешки филети од гради
– сол
– бибер
– 40 г бело брашно
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка кромид во прав
– половина лажичка пиперка во прав
– 1 прстофат лут пипер
– 90 г пршута
– 40-50 г путер
– 150 г печурки, исечкани
– 2 млади кромитчиња, исечкани
– 2 лажици мајчина душица
– 1 лажица свежо исечкана жалфија
– 250 мл суво бело вино
– 250 мл пилешка супа
– 120-150 мл павлака за готвење, по потреба
– 50 г рендан кашкавал
Подготовка:
Зачинете го пилешкото со сол и бибер. Во плиток сад ставете ги брашното, лукот во прав, кромидот во прав, пиперката и лутиот пипер. Извалкајте го пилешкото во оваа мешавина за да се обложи од сите страни.
Распоредете ја пршутата во голема тава и пржете ја на средно силен оган додека не стане крцкава од сите страни, околу 5 минути. Извадете ја од тавата и оставете ја настрана.
Во истата тава додајте околу една третина од путерот и пилешкото. Пржете од двете страни додека не добие боја, 3-5 минути од секоја страна. Додајте уште една третина од путерот и оставете го да се растопи и пржи, околу 2 минути, па извадете го пилешкото од тавата.
Додајте ги печурките и пржете без мешање околу 5 минути. Додајте ги преостанатиот путер, младиот кромид, мајчината душица, жалфијата и прстофат сол и бибер. Промешајте и пржете уште 5 минути, додека печурките не се карамелизираат.
Додајте го виното, а потоа и супата. Гответе 5 минути, па истурете ја павлаката. Вратете го пилешкото во тавата. Ако сосот е премногу густ, додајте уште 1-2 лажици брашно. Посипете со ренданиот кашкавал. Гответе уште 5 до 10 минути, додека сирењето не се растопи. Тргнете ја тавата од оган. Пробајте и додајте сол по потреба. Посипете со крцкавата пршута и свежи зачински билки. Послужете го пилешкото со крцкав леб и уживајте.