Кејт Мидлтон и Доналд Трамп на банкетот во Виндзор/Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Многу кралски и великодушно: Што се јадело и пиело на банкетот во чест на Меланија и Доналд Трамп во Виндзор

Државниот банкет е спектакуларниот врв на државната посета, блескава гозба со говори, кралски здравици, трубачки фанфари и фенси храна и вино, пишува Би-би-си.

Тоа е дипломатија послужена со фина храна. Восхитувачки пристап на гостопримството осмислен да го направи лидерот што е во посета, како што е американскиот претседател Доналд Трамп во Британија во моментов, да се чувствува посебно.

Во замокот Виндзор беше организиран државен банкет во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп во текот на нивната посета на Велика Британија.

Амбиентот во салата „Свети Џорџ“ во замокот Виндзор бил извонредна глетка, мешавина од средновековен банкет и филм за Хари Потер. Раскошно униформираниот персонал во салата бил подеднакво увежбан како и војниците кои во текот на денот биле на парадата. Поставката на банкетната маса, долга речиси 50 метри, пет чаши по лице, била застрашувачки уредна и декорирана.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа, на државната вечера во замокот Виндзор, која била организирана по повод неговата посета на Велика Британија, изјавил дека врските меѓу Вашингтон и Лондон се „непроценливи и вечни“ и нагласил дека двете земји се поврзани.

Доналд и Меланија Трамп на банкетот во Виндзор/Фото: George Rogers / Sipa Press / Profimedia

Вечерата била организирана во замокот Виндзор, со присуство на 160 гости, а биле послужени специјално осмислени оброци.

На масата биле поставени 139 свеќи и 1.452 парчиња прибор за јадење.

Како предјадење била послужена панакота од крес од Хемпшир со погачи од пармезан и салата од јајца од препелица.

За главно јадење, на Доналд и Меланија Трамп и на гостите им било послужено органско пилешко од Норфолк завиткано во тиквички во сос од мајчина душица, а за десерт имало сладолед од ванила со сорбет од малина од Кент и благо варени сливи Викторија.

Гостите имале богата винска понуда.

По вечерата, на гостите им било понудено специјално одбрано вино, како и коњак „Хенеси 1912 гранде шампањ“, кој е поврзан со годината на раѓање на мајката на Трамп.

Пијалаците по вечерата биле преполни со симболика. Се служело винтиџ порто од 1945 година, во чест на тоа што Трамп бил 45-ти претседател на САД, иако не пие алкохол.

За специјалната пригода, бил креиран и нов коктел – „Трансатлантик виски соур“, кој ги комбинира вкусовите на „Џони Вокер блек“ и мармалад, а бил послужен со пенести ореви пекан.

Ова е првата официјална посета на Трамп на Велика Британија во неговиот втор мандат.

Трамп пристигна во Лондон во вторникот вечерта кога изјавил дека му се допаѓа што повторно е во Британија, која ја нарекол „многу посебно место“, како и дека кралот Чарлс е негов долгогодишен пријател кого многу го почитува, и дека поканата да дојде во Виндзор е „исклучително голема чест“.

Во придружба на првата дама на САД, Меланија Трамп, тој исто така нагласил дека е почестен што е првиот американски претседател кој е почестен со втора државна посета на Велика Британија.

Доналд Трамп и кралот Чарлс, Меланија Трамп и кралицата Камила на банкетот во Виндзор/Фото:I-Images / Zuma Press / Profimedia

„Ова е навистина една од најголемите почести во мојот живот, со децении имам огромно почитување кон вас и вашата земја“, рекол Трамп обраќајќи се кон британскиот крал Чарлс Трети, пофалувајќи ја неговата посветеност на зачувувањето на „славната и единствена природа на кралството“, објави „Скај њуз“.

Трамп го пофалил кралот за воспитувањето на „исклучителен син“ принцот Вилијам, додавајќи дека верува оти идниот крал ќе има „неверојатен успех во иднина“.

„Меланија и јас сме воодушевени што повторно го посетуваме принцот Вилијам и што ја гледаме принцезата Катерина толку блескава и толку здрава, толку убава. Навистина е голема чест“, заклучил Трамп.

ВИДЕО | Трамп и Меланија пристигнаа во Лондон: Читач на усни открива што ѝ се пожалил тој кога слетале

Нови детали од посетата на Велика Британија: Трамп и Меланија спијат во одделни соби, еве зошто

ФОТО | Дами со стил: Меланија елегантна во жолт фустан со голи раменици, Кејт блеска во златен фустан и нејзината омилена тијара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот