ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на годинава

Кристалина Георгиева/Фото EPA-EFE/MAST IRHAM / POOL

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска на Светскиот самит на влади во Дубаи изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година.

– Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која е во пад изминатава година, рече Георгиева.

Според неа, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее таканаречено „меко приземјување“, додавајќи дека тоа е „сценарио за кое сонувавме“.

Терминот „меко слетување“ се однесува на умерен или благ пад на економската активност. Директорката на ММФ претходно најави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите поради војните и сложената геополитичка ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот