фото: Ракометна федерација на Македонија

Младинците совладани и од Романија на Светското ракометно првенство

Денеска во вториот натпревар на Светското првенство за младинци (У21) во Полска македонската ракометна репрезентација беше совладана од Романија со 28:27.

Нашата селекција имаше убава шанса да дојде до првата победа на СП, откако по првото полувреме имаше предност од „плус пет“ (17:12).

Најефикасен во македонската репрезентација беше Узунчев со седум голови, следен од Калајџиески со пет, а четири запиша Карасманакис.

Потсетување дека во првиот меч вчера избраниците на селекторот Раде Стојановиќ загубија од Фарски Острови со 33:28.

Нашите ракометни надежи својот трет натпревар во рамките од групата Ф на Мундијалот ќе го играат на 21 јуни од 14.00 часот против Исланд.

Во вториот меч од нашата група ремизираа Фарски Острови и Исланд со резултат 35:35. По две одиграни кола на табелата води Романија со четири бодови, пред Фарски Острови со три, Исланд има еден, а без бодови е Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот