фото: macedoniahandball.com.mk

Младинците ремизираа против Полска во подготовките за Светското првенство

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија ремизираше на турнирот против домаќинот Полска со 24:24.

После првото полувреме полските ракометари имаа минимална позитива од 14:13.

Во еден момент од вториот дел имавме и предност од „плус четири“ (21:17), но домаќините го вратија мечот во неизвесност.

Полска во финишот имаше напад за победа, но македонскиот голман Давид Брестовац го одбрани ударот на противниците.

Нашите репрезентавците преку контролните мечеви ја темпираат формата за Светското првенство кое ќе се одржи летово во Полска.

Според најавите в петок нашите ракометни надежи во второто коло од турнирот ќе играат против Алжир. Потсетување дека на СП Македонија е во групата Ф со Исланд, Романија и Фарски Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот