фото: Ракометна федерација на Македонија

Младинците ја темпираат формата во Варшава пред Светското ракометно првенство

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе игра на пријателски турнир во Варшава, Полска, каде што ќе одигра два пријателски натпревари против Саудиска Арабија и Јапонија.

Овие контролни мечеви се дел од подготовките за Светското првенство за младинци (У21) кое ќе се одржи во Катовице, Полска.

Нашите ракометни надежи на Мундијалот се во групата Ф, заедно со репрезентациите на Исланд, Фарски Острови и Романија.

Распоред на натпревари на Македонија на Светското првенство:

18.06.2025 – 14:00 Македонија – Фарски Острови
19.06.2025 – 14:00 Македонија – Романија
21.06.2025 – 14:00 Исланд – Македонија

Македонија заминува на престојното Светско првенство без повредените Самоил Ристовски и Дамјан Митев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот