Градежници работници / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Млад жител на велешко нападнат со нож на градилиште во Скопје

Жител на велешкото село Горно Оризари вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од двајца насилници, од кои едниот употребил и нож, соопшти МВР.

„На 01.01.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, Е.М.(24) од с.Горно Оризари, велешко, пријавил дека на 28.12.2024 околу 13.00 часот на градежен објект во изградба, на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Б.А. и уште едно лице, кое употребило и остар предмет“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот