Млад скопски фризер нападнат на работното место

23-годишен жител на Скопје пријавил дека непознат насилник вчеравечер го нападнал на работното место во Карпош, соопшти МВР.

„На 15.12.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, К.М.(23) од Скопје пријавил дека во 19.15 часот на своето работно место во фризерско студио на подрачјето на Карпош – Скопје бил физички нападнат од едно лице“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот